мини|Портрет на Доницети од 1837 г. Доменико Гаетано Марија Доницети (; – ) бил италијански оперски композитор од Бергамо, Ломбардија. Заедно со Винченцо Белини и Џоакино Росини биле водечки оперски композитори во Италија.
Животот на Доменико Гаетано Марија Доницети
Доницети бил роден во 1797 година во Бергамовиот Борго Канале, последен од трите сина, кварт сместен надвор од градот. Неговата фамилија била многу сиромашна и без музичка традиција, неговиот татко бил одржувач на градската заложувалница. И покрај тоа, Доницети добивал одредено музичка образование од Џовани Симоне Мауер, свештеник во Бергамовата главна црква, кој бил и композитор на успешни опери.
Доницети не бил посебно успешен како хорски пејач, но во 1806 година тој бил еден од првите запишани со целосна стипендија во училиштето Лециони Каритатеволи чиишто основач бил Симоне Мауер, во Бергамо. Тој добивал исцрпни, детални вежби во областа и изучувањето на фугата и контрапунктот, од тука почнал да ја гради својата оперска кариера. После неколку мали, споредни композиции под менторство на Паоло Занца, Доницети ја напишал неговата четврта опера, Зораида од Гранада. Оваа негова опера го импресионирала Доменико Барбаиа, познат и значаен театарски директор, кој му понудил договор на Доницети да компонира во Неапол. Компонирајќи во Рим, Милано и Неапол, Доницети успеал да достигне одреден успех (неговите 31 опереа напишани во период од 12 години биле со вообичаен успех, но оперските критичари често не биле импересионирани ), но не бил меѓународно познат сè до 1830 година кога неговата опера Ана Болена ја имала својата премиера во Милано. Тој скоро моментално станал познат низ цела Европа. Еликсирот на љубовта, комедија изведена во 1832 година, која се смета за ремек дело во комичната опера, како и неговата Дон Пасквал, компонирана во 1843 година. Кратко после операта Еликсирот на љубовта, Доницети ја компонирал Луција ди Ламермур, опера заснована на романот Невестата од Ламермур од Волтер Скот. Таа станала негова најпозната опера, и една од високите точки во bel canto (убаво пеење) традицијата.
После успехот на Лукреција Борџија, опера изведена 1833 година, опера со која ја зацврстил неговата репутација, Доницети следејќи ги стапките на Росини и Белини посетувајќи го Париз, но неговата опера Марино Фалерио страдала од споредувања со Белоновата опера Пуританците, и тој се вративлво Неапол да продолжи со работа на веќе споменатото погоре ремек дело, Луција ди Ламермур. Како што растела Доницетиевата слава, така се зголемувале и неговите ангажмани, па со оглед на тоа бил унапреден да пишува и твори и во Италија и во Франција. Во 1838 година, тој се преселил во Париз, таму ја напишал операта Ќерката на полкот, која исто така доживеала голем успех. left|180px|Гаетано Доницети|thumb Доницети и неговата сопруга, Вирџинија Васели, имале три деца од кои за жал ниту едно не преживеало. Подоцна починала и неговата сопруга од колера. Во 1843 година, доноцети почнал да покажува симптоми на сифилис. После неговото сместување во соодветна институција каде што се испитувала неговата болест, во 1845 година бил испратен на лекување во Париз.
Таму имал посети од многу негови пријатели меѓу кои и Џузепе Верди, но Доницети повторно вратен во неговиот роден град, Бергамо каде што и починал во 1848 година, после неколку години поминати во лудило. По неговата смрт Доницети бил погребан во гробиштата Валтезе но при крајот на 19 век неговото тело било перенесено во Бергамовата Базилика, блиску до гробот на неговиот учител Симоне Мауер. Доницети бил најмногу познат по неговата оперска работа, компонирањето на опери, но тој пишувал музика и во други форми, вклучувајќи и црковна музика, исто така и оркестрална музика.
Тој бил помалиот брат на Џузепе Доницети, кој во 1828 година станал главен инструктор на Отоманската музика, на дворот на султанот Махмуд II (1808-1839). Наводи
Д Д Д Категорија:Луѓе од Бергамо