Свети Димитриј () — црква во селото Додулари, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е типична трикорабна базилика во поствизантиски стил. Изградена е во 1853 година според зачуваниот црковнословенски натпис од 1873 г. Според истиот натпис, црквата станала егзархиска и во неа почнало да се пее на македонски на 11 септември 1873 г. Натписот гласи:
И покрај строгоста и простотата на употребените материјали, храмот претставува еден од највпечатливите споменици на духовната архитектура во Солунско. Има нартекс и женска црква над него, дрвени икони, убав иконостас, фрески во апсидата, вредни насликани владички престол и амвон, како и икони на Димитриос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија. Во црквата има вкупно 90 вредни икони кои ги одразуваат ликовните тенденции на македонската црковна уметност во последниот период на османлиското владеење. Иконостасот и амвонот се изведени со исклучителен квалитет. Фреските се ретки за својот период, не придржувајќи се кон ниедна иконографска програма и очигледно изработени во различни периоди од различни месни творци. Невообичаено е тоа што се претставени околу седумдесет апостоли во горното подрачје на средишната патека.
Црквата е прогласена за заштитен споменик на 4 февруари 1985 г.
Поврзано Неаполско-ставруполска епархија
Наводи
Димитриј, Додулари Димитриј, Додулари Категорија:Споменици на културата во Делта (општина) Димитриј, Додулари Категорија:Појавено во 1853 година