Џиро д’Италија 2022 (позната и како Трка околу Италија 2022) — 105. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 6 и 29 мај 2022 година. Трката започнала на 6 мај во Будимпешта, Унгарија, а завршила на 29 мај во Верона, Италија.

Трката била освоена од Џеј Хиндли од екипата , освојувајќи ја првата голема трка и станувајќи прв Австралиец кој го освоил Џиро. Хиндли пристигнал на трката како еден од тројцата можни предводници на генералниот пласман во екипата пред да го преземе водството на екипата, кога ја освоил деветтата етапа, која завршила на Блокхаус. Во текот на последната половина на трката, се покажал како еден од најсилните качувачи, останувајќи во рамки на десет секунди зад водачот на трката до дваесеттата етапа до Мармолада. На таа етапа се одвоил од остатокот на фаворитите на завршното искачување со што го преземал водството на трката, кое го сочувал на завршниот хронометар. Второто место го освоил Ричард Карапас од екипата . Карапас ја презел розовата маичка на четиринаесеттата етапа, одржувајќи мала предност пред Хиндли. Двајцата биле неразделни до претпоследната етапа, кога Карапас отпаднал во рамки на последните три километри. Поради тоа, паднал на второто место, кое го потврдил на завршниот хронометар. Третото место му припаднало на Микел Ланда од екипата . Тој имал добри резултати на планинските етапи, прикажувајќи се како еден од најсилните качувачи на трката за негов прв подиум на голема трка од Џиро 2015.

Во другите пласмани на трката, Арно Демар од го освоил бодовниот пласман. Тој бил најдобриот спринтер на трката, освојувајќи три спринтерски етапи во текот на трката. Кун Бауман од го освоил планинскиот пласман, истовремено освојувајќи две етапи од бегство. Хуан Педро Лопес од го освоил пласманот за млад возач. Покрај тоа што завршил во првите десет, Лопес ја носел розовата маичка десет дена пред да ја загуби од Карапас. ги освоиле екипниот пласман и пласманот „добра игра“. Филипо Талјани од го освоил пласманот на средни спринтови со освојувајќи најмногу бодови на средните спринтови, додека неговиот колега, Матија Баис, го освоил пласманот за бегства откако поминал најмногу километри во бегство на трката. Матје ван дер Пул од ја освоил наградата за борбеност, а ја освоил и првата етапа и ја носел розовата маичка три дена пред да се вклучи во неколку бегства на остатокот од трката.

Екипи

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Дополнително, четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.

Иако првично биле поканети на сите трки од Светската турнеја, тие ја одбиле нивната покана на овогодишниот Џиро одлучувајќи да се насочат на Тур де Франс и Вуелта а Еспања.

Фаворити пред трката

Ричард Карапас (), првакот од 2019, бил сметан за фаворит пред трката, следен од Сајмон Јејтс () и Жоао Алмеида (). Нивен најблизок соперник се сметал Мигел Анхел Лопес (), Микел Ланда () и првакот од 2017 година, Том Димулен (). Други кандидати се сметале Вилко Келдерман (), Ромен Барде () и Хју Карти (). Бранителот на титулата Еган Бернал нема да учествува, бидејќи уште се опоравувал од повредите здобиени на тренинг надвор од сезоната.

Возачи за кои се верувало дека ќе бидат главни фаворити за победи на спринтерските етапи биле Марк Кевендиш (), Матје ван дер Пул () и Кејлеб Јуан ().

Рута и етапи

Поредок

+ Поредок по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п|link=Пласман за млад возач на Џиро д’Италија Трофеј Супер екипа Пласман на средни спринтови Награда за борбеност25п Пласман за бегство Пласман „добра игра“ 1 Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Матје ван дер Пул Бинијам Хирмај Филипо Талјани Ленард Кемна Матија Баис 2 Сајмон Јејтс Матео Собреро Матија Баис Рик Цабел 3 Марк Кевендиш Рик Цабел Филипо Талјани Матија Баис 4 Ленард Кемна Хуан Педро Лопес Ленард Кемна Хуан Педро Лопес Стефано Олдани 5 Арно Демар Арно Демар Матија Баис 6 Арно Демар Диего Роза 7 Кун Бауман Кун Бауман Том Димулен 8 Томас де Гент Томас де Гент 9 Џеј Хиндли Диего Роза Жоао Алмеида 10 Бинијам Хирмај Алесандро Де Марки 11 Алберто Даинезе Дрис де Бонт 12 Стефано Олдани Лоренцо Рота 13 Арно Демар Паскал Енкхорн 14 Сајмон Јејтс Ричард Карапас Жоао Алмеида Ричард Карапас 15 Џулио Чиконе Кун Бауман Џулио Чиконе 16 Јан Хирт Тимен Аренсман 17 Сантјаго Буитраго Матје ван дер Пул 18 Дрис де Бонт Хуан Педро Лопес Едоардо Афини 19 Кун Бауман Андреа Вендраме 20 Алесандро Чови Џеј Хиндли Алесандро Чови 21 Матео Собреро Матје ван дер Пул На крај Џеј Хиндли Хуан Педро Лопес Филипо Талјани Матија Баис

На втората етапа, Пељо Билбао, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Матје ван дер Пул ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Бинијам Хирмај ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. Дополнително, Магнус Корт Нилсен ја носел сината маичка, иако Ван дер Пул, Хирмај и Билбао биле единствените возачи со бодови во планинскиот пласман дотогаш. На етапите 3 и 4, Бинијам Хирмај, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Матје ван дер Пул ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Ван дер Пул исто така го предводел планинскиот пласман пред третата етапа, Рик Цабел, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината маичка на таа етапа. На етапите 5–9, Маури Вансевенант, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Хуан Педро Лопес ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 10–12, Жоао Алмеида ја носел белата маичка од истата причина. На етапата 18, Хуан Педро Лопес, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Жоао Алмеида се повлекол пред почетокот на етапата.

Пласмани

+ЛегендаГо означува предводникот на генералниот пласманГо означува предводникот на планинскиот пласманГо означува предводникот на бодовниот пласманГо означува предводникот на пласманот за млад возач

Генерален пласман

Бодовен пласман

+ Завршен бодовен пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 254 2 136 3 132 4 105 5 95 6 83 7 73 8 72 9 20п 71 10 70

Планински пласман

+ Завршен планински пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 294 2 163 3 102 4 94 5 87 6 20п 78 7 78 8 71 9 65 10 57

Пласман за млад возач

+ Завршен пласман за млад возач (1–10) Место Возач Екипа Време 1 20п 86ч 49' 54" 2 + 5' 43" 3 + 23' 03" 4 + 23' 51" 5 + 1ч 11' 44" 6 + 1ч 41' 00" 7 + 1ч 44' 30" 8 + 1h 45' 04" 9 + 1ч 57' 13" 10 + 2ч 08' 46"

Екипен пласман

+ Завршен екипен пласман (1–10) Место Екипа Време 1 259ч 48' 12" 2 + 4' 07" 3 + 1ч 22' 29" 4 + 1ч 23' 57" 5 + 2ч 18' 46" 6 + 2ч 21' 10" 7 + 2ч 40' 16" 8 + 3ч 21' 02" 9 + 3ч 29' 58" 10 + 3ч 39' 45"

Пласман на средни спринтови

+ Завршен пласман на средни спринтови (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 78 2 45 3 20п 32 4 29 5 28 6 25 7 22 8 19 9 19 10 19

Пласман за бегства

+ Завршен пласман за бегства (1–10) Место Возач Екипа Километри 1 617 2 581 3 301 4 20п 293 5 247 6 207 7 192 8 188 9 182 10 172

Пласман „добра игра“

+ Завршен пласман „добра игра“ (1–10) Место Екипа Бодови 1 0 2 0 3 0 4 20 5 30 6 30 7 50 8 50 9 60 10 70

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Џиро д’Италија

Категорија:Италија во 2022 година Категорија:Унгарија во 2022 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2022