thumb|right|Тапан користен од 1823

Тапаните се дел од ударната група на инструменти, а технички се класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен од мембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните не можат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.

Употреба Најголемиот број тапани се свират со помош на раце, палици, четкици за тапани и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и џезот, тие се користат за изведување на музички композиции. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз. Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно.

Историја Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред определени сигнали. Во Африка тие се користеле за комуникација на големи далечини. Во Шри Ланка, тапаните биле користени за комуникација помеѓу државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето. Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.

Типови на тапани

Абурукува Ашико Бас тапани Бодран Бонго Бугарабу Кахон Ченда Конга Давул Дол Џембе Донг Сон Дунун Тарабука Рачен тапан Кпанлого Челичен тапан Табот Дајре Таико Табла Тапан Тар Тенор тапани Тимпани Том-том

Тапаните како тема во уметноста и во популарната култура „Труби и тапан“ — песна на рускиот поет Виктор Кривулин од 2001 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 160. „Тапанска песна“ (руски: Барабанная песня) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1923 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 116-118. „Непоправљив бубњар у душа“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 24-25. „Барабаните на Оринџ, Тирон, 1966“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 65. „Тапан“ (англиски: The Drum) — песна на американската рок-група Бонгвотер (Bongwater) од 1989 година.DISCOGS, Bongwater – Too Much Sleep (пристапено на 1 јули 2021) „Тапанот што зборува“ (англиски: The Talking Drum) - песна на британската рок-група King Crimson од 1973 година.King Crimson – Larks' Tongues In Aspic (пристапено на 30.1.2023) „Музета и тапани“ (англиски: Musette And Drums) — песна на шкотската рок-група Кокто Твинс (Cocteau Twins) од 1983 година.Discogs, Cocteau Twins ‎– Head Over Heels (пристапено на 9.5.2020) „Таа тропа на тапани“ (англиски: She Bangs The Drums) — песна на британската рок-група Стоун Роузис (The Stone Roses) од 1988 година.Discogs, The Stone Roses ‎– The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019) „Не ми треба тапан“ (англиски: Don't Need A Drum) — песна на британската рок-група Teenage Fanclub од 1990 година.Discogs, Teenage Fanclub ‎– A Catholic Education (пристапено на 16.5.2021) „Да му оставиме нешто на тапанарот“ (англиски: Let The Drummer Have Some) — песна на американската рок група fIREHOSE од 1989 година.DISCOGS, fIREHOSE – fROMOHIO (пристапено на 24.6.2021)

Наводи

Категорија:Музички инструменти Категорија:Ударни инструменти