десно|мини|300x300пкс| Илустрација на приказната за работниците во лозјето во византиски ракопис од 11 век. Парабола за работниците во лозјето (или парабола за дарежливиот работодавач) — една од Исусовите алегориски приказни, забележена во Евангелието според Матеј.

Приказната зборува за тоа како работодавач им плаќал иста дневница на работниците кои дошле подоцна и работеле помалку како на оние кои од утрото работеле во лозјето. Вообичаеното толкување е дека секој што го прифаќа повикот на Царството Божјо, без разлика колку доцни, добива награда еднаква на оние кои биле верни најдолго време.

Парабола Евангелието според Матеј ја раскажува следната Исусова алегориска приказна:

Толкувања Динариј е всушност антички денариус, сребрена монета што била вообичаена работничка дневница во времето на Исус. Приказната се потпира на согласноста на публиката дека ова е правична плата за цел ден работа.

Работниците во лозјата биле сиромашни и работеле како привремени земјоделски работници за време на бербата. Втората смена се приклучила околу „третиот час“, што, според еврејско броење, е девет часот наутро; понатаму: шестиот час е пладне, а единаесеттиот час е пет часот попладне. Работодавецот гледа дека се сиромашни и дека на сите им треба полна дневница за да ги прехранат своите семејства. Плаќањето навечер ги следи упатствата од Стариот завет:

За разлика од рабинските приказни со слична тематика, оваа парабола ја нагласува незаслужената Божја милост, наместо „заработување“ на Божјата наклоност во која било смисла. Поради оваа причина, тоа е слично на параболата за блудниот син. Параболата често се толкува во смисла дека дури и оние кои подоцна се покајуваат во животот ја добиваат истата награда, заедно со оние кои се преобратиле порано. Алтернативно толкување ги идентификува раните работници како Евреи, од кои некои им негираат на подоцнежните новодојденци (неевреи) подеднакво добредојде во Царството Божјо.Двете толкување се разгледуваат во Matthew Henry's Complete Commentary on the Whole Bible (1706).

По повод расправата за идентитетот на работниците во лозјето, Арланд Хултгрен пишува:

Наводи

Литература

Категорија:Исусови параболи