Стадион Ахмад бин Али () познат како стадион Ал Рајан — повеќенаменски стадион во Ал Рајан, Катар. Моментално најмногу се користи за фудбалски натпревари и е стадион на спортскиот клуб Ал Рајан и спортскиот клуб Ал Харитијат. Стадионот е именуван по Ахмад бин Али Ал Тани, емирот на Катар од 1960 до 1972 година. Поранешниот стадион, изграден во 2003 година, имал капацитет од 21.282 седишта и бил срушен во 2015 година Новиот стадион Ал Рајан има капацитет од 50.000 седишта.

Изградба за Светското првенство Катар Стадионот Ахмад бин Али е еден од осумте стадиони кои се пренаменети за Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година.

Поранешниот стадион Ахмад бин Али бил срушен во 2015 година за на тоа место да се изгради новиот стадион Ал Рајан. 90 отсто од урнатините ќе бидат повторно искористени или за новиот стадион или за други јавни уметнички проекти.

Изградбата на новиот стадион започнала на почетокот на 2016 година, од страна на Ал Балаг и Ларсен & Тубро. Како дел од реновирањето била направена огромна „медиумска фасада“ со мембрана која ќе делува како екран за проекции, вести, реклами, спортски вести, тековни информации за турнирите и натпревари. Исто така, стадионот бил проширен за капацитетот да достигне 40.740 седишта.

По Светското првенство капацитетот на стадионот ќе биде намален на 21.000 седишта. Новиот стадион е изграден за Светското првенство во фудбал во 2022 година, чиј домаќин ќе биде Катар.

Свеченото отворање на стадионот било на 18 декември 2020 година, на Националниот ден на Катар, и точно две години пред земјата да биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2022 година. На овој стадион се одиграле и дел од натпреварите за Светското клупско првенство на ФИФА во 2020 година.

Дополнително, тука се одиграле и четири натпревари од Арапскиот куп 2021 година.

Светско првенство во фудбал 2022 година Стадионот Ахмад бин Али ќе биде домаќин на седум натпревари на Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Датум Време Тим 1 Резултат Тим 2 Рунда Присуство 21 ноември 2022 22:00 часот 1–1 Група Б 23 ноември 2022 22:00 часот 1–0 Група Ф 25 ноември 2022 13:00 часот 0–2 Група Б 27 ноември 2022 13:00 часот – Група Е 29 ноември 2022 22:00 часот – Група Б 1 декември 2022 18:00 часот – Група Ф 3 декември 2022 22:00 часот Победникот од Група Ц – Второпласириот од Група Д Осминафинале

Наводи

Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Стадиони за Светското првенство во фудбал 2022 Категорија:Згради и градби во Катар