Сара Бернар (, - , ), француска артистка со исклучително убав глас и дарба. Нејзината глума одбележала цела една епоха. Главни нејзини улоги се Корелија во „Кралот Лир“, кралицата во „Ри Блаз“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“ и „Тоска“.

Животопис мини|Сара Бернар со мајка ѝ.

Детство и младост Сара Бернар е родена како Хенриета-Розина Бернар во Латинската четврт на Париз на 22 или 23 октомври 1844 годинаSome uncertainty exists about the date. See Encyclopedia Brittanica online Tierchant (2009), page 15 and Skinner (1967) page 1, and section below on birthdate. Таа била нелегитимна ќерка на Џудит Бернар (позната и како Џули а во Франција и како Јул), холандска куртизана со еврејско потекло, проститутка на богати клиенти од повисоката класа. Името на нејзиниот татко не е заведено. Според некои извори, тој веројатно беше син на богат трговец од Авр. Бернар подоцна напишала дека семејството на нејзиниот татко го платило нејзиното школување, инсистирало да биде крстена како католик и оставило голема сума пари кои требала да ги добие кога ќе порасне. Нејзината мајка често патувала и малку ја гледала нејзината ќерка. Таа го оставила детето со гувернанта во Бретања, а потоа во некоја куќа во Нили, предградие на Париз. Кога Сара имала седум години, мајка ѝ ја пратила во интернат за млади дами во париското предградие Отеј, платено со средствата од семејството на татко ѝ каде за првпат глумела во театарската пиеса Клотилда. Додека Сара била во интернатот, нејзината мајка станала врвна париска куртизана, која се дружела со политичари, банкари, генерали, и писатели. Меѓу нејзините покровители и пријатели бил и војводата Шарл де Морни, полубрат на Наполеон III. На 10 годишна возраст, со помош на Морни, Сара била примена во манастирско училиште во близина на Версај. Во манастирот, таа го глумела Архангел Рафаил во приказната Тобија и ангелот. мини|Илустрација од книгата „Мојот двоен живот. Мемоари на Сара Бернар, 1907“. стр 136. Деби на Сара Бернар во театарот со пиесата „Учени жени“ на Молиер. Во 1859 година, Сара дознала дека татко ѝ умрел во странство. Првпат присуствувала на театарска претстава во Француската Комедија заедно со мајка ѝ, со Морни и со неговиот пријател Александар Дима. Претставата што ја гледале била Британикус, на Жан Расин, проследена со класичната комедија Амфитрион од Плавт. Морни го искористил влијанието кај композиторот Даниел Обер, раководител на Парискиот конзерваториум, за да организира нејзина аудиција. Таа вежбала со Дима. Жирито било составено од Обер и петте водечки глумци и глумици на Француската Комедија. Требала да рецитира стихови од Расин, но наместо тоа таа ја изрецитирала басната за Двата гулаба од Лафонтен по што била поканета да стане студент во Конзерваториумот.

Дебито и заминувањето Француската комедија (1862-1864) мини|Сара Бернар околу 1864, фотографија на Феликс Надар (1820-1910)

Бернар учела глума во Конзерваториумот од јануари 1860 до 1862 година кај двајца истакнати глумци на Француската комедија, Жозеф-Исидор Самсон и Жан-Батист Прово. Таа напишала во нејзините мемоари дека Прово ја подучувал дикција и гестикулација, додека Самсон ја учел за моќта на едноставноста. Пред првиот испит, таа имала лоша настинка, деловите доделени за нејзината изведба биле класични и барале внимателно стилизирани емоции, додека таа претпочитала романтизам. Била рангирана на 14то место во трагедија а на второ во комедија. Тогаш уште еднаш Морни ѝ помогнал. Тој ургирал кај националниот министер за уметност, Камиј Дусе. Дусе ја препорачал кај Едуар Тјери, раководителот на Францускиот театар, кој ѝ понудил место на Бернар во театарот, за минимална плата. мини|Сара Бернар во 1860, во претставата "Британикус" на Жан Расин Бернар го направила своето деби на 31 август 1862 во главната улога во „Ифигенија“Во нејзините мемоари, наведената дата за нејзиниот прв настап е 1 септември на Расин. Нејзината премиера не доживеала успех. Таа имала трема и брзала со текстот. Некои од публиката се исмејувале на нејзината тенка фигура. Кога претставата завршила, Прово ѝ рекол: "Јас можам да ти простам, и ти со време ќе си простиш на себе, но Расин во гробот никогаш нема да ти прости."Skinner, Cornelia Otis (1967). Madame Sarah. New York: Houghton-Mifflin

Бернар не останала долго во Француската комедија. Таа ја глумела Хенриета во Учени жени на Молиер, но не оставила впечаток кај критичарите. Време поминувало, а нејзе не ѝ биле давани дополнителни улоги. Нејзиниот жесток темперамент, исто така ја ставал во неволја: кога вратарот на театарот ѝ се обратил со "малата Бернар", таа го удрила со чадор по главата. Потоа му се извинила, и 20 години подоцна, кога вратарот заминал во пензија, му купила куќа во Нормандија. На церемонијата во чест на роденденот на Молиер на 15 јануари 1863, Бернар ја поканила и нејзината помала сестра, Режина која случајно ја згазнала наметката на една од водечките глумици на театарот, Заир-Натали Мартел (1816-1885), позната како Госпоѓица Натали. Натали ја турнала Режина по што таа си го повредила челото. Бернар заради тоа ѝ удрила шлаканица на Мадам Натали.Monval, Georges (1900). Comédie-française (1658–1900): Liste alphabétique des sociétaires depuis Molière jusqu'à nos jours. Paris: Aux Bureaux de l'Amateur d'autographes. p. 93. Таа побарала Бернар да се исклучи од улогата доколку не се извини а бидејќи Бернар го одбила тоа, раководителот бил принуден да побара од Бернар да си замине.

Гимназиумот и Брисел (1864-1866) По заминувањето, Бернар отишла во популарниот театар, Гимназиум, денешниот Театар од Лиеж, каде што била замена на две од водечките глумици. Речиси веднаш предизвикала друг скандал, кога театарот гостувал во дворецот Тилери на Наполеон III.Таа одбрала да рецитира две романтични поеми од Виктор Иго, не знаејќи дека Иго бил зајадлив критичар на царот. По првата песна, царот и царицата станале и си заминале. Потоа нагло одлучила да се откаже од театарот за да патува. Патувала во Шпанија, а потоа, на предлог на Александар Дима, заминала за Белгија.

Во Брисел со себе ги носела писмата со препораки од Дима, и ја примиле во највисоките сталежи на општеството. Според некои тврдења, таа присуствувала на маскенбал во Брисел, каде што го запознала младиот белгиски аристократ, принц де Лињ, и имала љубовна врска со него. Според други тврдења, тие се запознале во Париз, каде принцот доаѓал често на театар. Врската набргу прекинала, но таа останала бремена по врската со принцот. На 22 декември 1864, 20-годишната глумица го родила нејзиното единствено дете, Морис Бернар.

Подоцна таа врската ја нарекла "нејзина отворена рана" но таа никогаш со никого не дискутирала за родителството на Морис. Кога ќе ја прашале кој му е татко, понекогаш одговарала, "Никогаш не можам да се одлучам дали татко му е Гамбета, Виктор Иго, или генералот Буланже." Многу години подоцна, во јануари 1885 година, кога Бернар веќе била позната, наводно принцот дошол во Париз и понудил формално да го признае Морис како негов син, но Морис учтиво го одбил, кажувајќи дека тој е сосема задоволен да биде син на Сара Бернар.

Одеон (1866-1872) мини|Бернар во улога на момче трубадур, Ѕането, во Минувачот (1869) од Франсоа Копе мини|Сара Бернар како Теодора, фотографија од Феликс Надар За да заработи по раѓањето на Морис, Бернар играла мали улоги во народниот театар Пор-Сен-Мартен. Во почетокот на 1866, добила читање со Феликс Дикезнел, директор на театарот Одеон на левиот брег. Дикезнел, години подоцна, го опишал читањето велејќи: „Пред мене стоеше суштество кое беше прекрасно талентирано, интелигентно до генијалност, со огромна количина на енергија под изнемоштениот и кревок изглед и со страшна волја." Тој ја ангажирал во театарот за скромна плата од 150 франци месечно, која ја плаќал од сопствениот џеб. Одеон бил втор во престиж по Француската комедија, со посовремен репертоар.

Првите настапи поминале незабележително и таа играла главно во комедии. Наскоро, со различни претстави и со повеќе искуство, нејзините изведби се подобриле. Добила пофалби за нејзината изведба на Корделија во Кралот Лир. Во јуни 1867, одиграла две улоги во Атали на Жан Расин: улога на млада жена и на момче, Захариј, прва од многуте машки улоги што ги одиграла во нејзината кариера. мини|Сара Бернар во улогата на Федра, од Расин Нејзината изведба во Минувачот на Франсоа Копе, чија премиера била во Одеон на 14 јануари 1868, во улогата на момчето трубадур, Ѕането, доживеала успех. Критичар Теофил Готје го опишал "деликатниот и нежен шарм" на нејзините изведби. Претставата се прикажала 150 пати, плус била изведена во Тилери за Наполеон III. Потоа, царот ѝ испратил брош со неговите иницијали напишани во дијаманти.

Во нејзините мемоари, таа напишала за времето во Одеон: "Тоа беше театар што го сакав најмногу и од каде заминав со жалење. Сите се сакавме. Сите бевме весели. Театарот беше како продолжение на училиштето. Сите млади доаѓаа таму... се сеќавам на моите неколку месеци во Француската комедија. Тој мал свет беше крут, озборувачки, љубоморен. Се сеќавам на моите неколку месеци во Гимназиумот. Таму, зборуваа само за фустани и шапки и разговараа за сто работи што немаа никаква врска со уметноста. Во Одеон, јас бев среќна. Мислевме само на претставите. Имавме проби наутро, напладне, цело време. Го обожавав тоа." мини|Портрет на Сара Бернар. Изложен во Салонот во 1876, денес во Малата Палата, Париз. Бернар живеела со синот и со нејзината долгогодишна пријателка и помошничка, госпоѓицата Герар, во мала куќа во предградието Отеј. Таа развила блиско пријателство со писателката Жорж Санд, и играла во две нејзини претстави. Во нејзината гардероба доаѓале славни личности, вклучително Гистав Флобер и Леон Гамбета. Во 1869 година, кога станала пославна, се преселила во поголем седмособен стан во центарот на Париз. Мајка ѝ почнала да ја посетува, за првпат по повеќе години, а баба ѝ, ортодоксна Еврејка, се преселила во станот за да се грижи за Морис. Бернар вработила слугинка и готвач и ја започнала својата колекција на животни. Со неа секојпат имало едно или две кучиња а две желки се движеле слободно низ станот.

Во 1868, пожар целосно ѝ го уништил станот, заедно со сите нејзини предмети. Таа немала осигурување. Брошот што ѝ го дал царот и нејзините бисери се стопиле, како и тијарата што ѝ ја подарил еден од љубовниците, Калид Бег. Таа ги нашла дијамантите во пепелта, а директорите на театарот Одеон организирале хуманитарна претстава за неа каде настапила Аделина Пати, најпознат сопран на тоа време. Покрај тоа, семејството на татко ѝ донирало 120,000 франци. Бернар била во можност да купи уште поголем стан, со два салона и голема трпезарија.

Избувнувањето на војна меѓу Франција и Прусија нагло ја прекинала нејзината театарска кариера. Веста за поразот на француската армија, предавањето на Наполеон III во Седан, и прогласувањето на Третата француска Република, на 4 септември 1870 година, било проследено со опсадата на градот од страна на пруската војска. Париз бил отсечен од вести и од снабдувањето со храна а театрите биле затворени. Одеон бил претворен во болница. На почетокот на јануари 1871 година, после 16 недели опсада, Германците почнале да го бомбардираат градот. Бернар организирала сериозните случаи да се префрлат во друга воена болница и изнајмила стан на улицата Прованса за да ги згрижи преостанатите 20 пациенти. Француската влада потпишала примирје на 19 јануари 1871 година а Бернар, дознала дека нејзиниот син и семејството се преселиле во Хамбург. Таа успеала да добие дозвола да оди во Германија и да ги врати. Кога таа се вратила во Париз неколку недели подоцна, градот бил под власта на Париската комуна. Таа се преселила повторно, заедно со семејство во Сен-Жермен-ан-Ле. Кога Комуната била поразена од страна на француската армија, повторно се вратила во Париз. мини|Портрет на Сара Бернар во Ри Блас 1872 во Францускиот театар (Француска комедија). Од фотографот Ашил Меландри. Формат (14,1 x 10 cm). Муѕеј Карнавале, Париз N° INV : PH8673

Враќањето во Француската комедија (1872–1878)