Bougainvillea spectabilis, позната и како голема бугенвилеа, ― вид на цветно растение. Природно расте во Бразил, Боливија, Перу и аргентинската покраина Чубут.

Опис Bougainvillea spectabilis расте како дрвенест лоза или грмушка, достигнувајќи 4,6 до 12,2 м со лисја во облик на срце и боцкави стебла. Цветовите се претежно мали, бели и незабележителни, нагласени со неколку модифицирани лисја во изразени бои, наречени прицветници. Прицветниците може да се разликуваат по боја, почнувајќи од бела, црвена, виолетова, виолетова-црвена или портокалова. Плод е мала, незабележлива, сува, издолжена ахенја.

Распространетост Bougainvillea spectabilis природно расте во Бразил, Перу, Боливија и аргентинската покраина Чубут, но таа е вештачки проширена и во многу други области.

Одгледување Bougainvillea spectabilis претпочита јако сонце, суви услови и плодна почва.

Употреба

Традиционална медицина Племето Јанади од областа Читор, Андра Прадеш, Индија, некогаш ги користело листовите на Bougainvillea spectabilis за лекување на дијабетес. Растението исто така се одгледува како украсно растение.

Галерија

Поврзано

Glendora bougainvillea

Наводи

Категорија:Флора на Малта Категорија:Nyctaginaceae