Маркулија („Маркова Кула“) или Меркулија — тврдина-крајпатна стража и градиште 1 км североисточно од селото Арангел и исто толку далеку од Србица, обете во Кичевско. Претставува истурена планинска гранка што завршува со заоблена чука 100 м високо над источниот раб на долината (872 м н.м.). Визуелно е поврзана со Кичево 10,5 км на југозапад. Стариот пат Кичево — Гостивар поминувал крај ридот и 7 км северно оттука го достигал планинскиот премин Кафа. Таму лежат и старите рудници на железо, додека рудниците на јаглен (површински копови) лежат 3 км јужно од Маркулија, во атарот на Осломеј.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Најстари остатоци Во доцноантичко време на врвот од чуката било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор од 1,4 ха. Наоди: доцноантичка грнчарија, монети од доцниот IV и VI век. Во долината 1 км јужно од Маркулија, на потегот „Манастириште” и „Меѓа”, лежат остатоци од истовремена населба со ранохристијанска црква. Кастелот на Маркулија ја штител оваа рударска населба и го надгледувал преминот меѓу провинциите Нов Епир и Превалитана.
Средновековни остатоци Во средишниот дел на тврдината регистрирани се парчиња од словенски црепни, ситни предмети исковани од железо и врвови од стрели за пробивање панцир, потоа една бронзена апликација — тамга (протобугарска, IX—X век). На обѕидието нема траги од обновувања.
На Маркулија веројатно само повремено постоела стража низ кризните години, којашто го контролирала важниот пат од Охрид преку Кичево кон Полошко и кон Скопје на север.
Поврзано
Манастириште — населба од доцноантичко време; Меѓа — старохристијанска базилика; Старо Село — средновековна црква и некропола; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Извори
И. Микулчиќ TIR, 17
Категорија:Арангел (село) Категорија:Тврдини во Македонија