Заеднички, но диференцирани одговорности (ЗНДО) — принцип што бил формализиран во Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) на Самитот на Земјата во Рио де Жанеиро во 1992 година. Принципот ЗНДО е спомнат во член 3 став 1.., на UNFCCC и член 4 став 1. Тоа бил првиот меѓународен правен инструмент за справување со климатските промени и најсеопфатниот меѓународен обид за справување со негативните влијанија врз глобалната животна средина. Принципот признава дека сите држави имаат заедничка обврска да се занимаваат со животната средина, но негира еднаква одговорност на сите држави во однос на заштитата на животната средина.
На Самитот за Земјата, државите ја признале разликата во економскиот развој меѓу развиените и земјите во развој. Индустријализацијата продолжила во развиените земји многу порано отколку во земјите во развој. ЗНДО се заснова на односот помеѓу индустријализацијата и климатските промени. Колку е поиндустриски развиена една земја, толку е поголема веројатноста дека придонела за климатските промени. Државите постигнале договор дека развиените земји придонесуваат повеќе за деградација на животната средина и треба да имаат поголема одговорност за ублажување на климатските промени отколку што треба да имаат земјите во развој. Затоа, би можело да се каже дека принципот се заснова на принципот „Загадувачот плаќа“ каде историскиот придонес кон климатските промени и соодветната способност за борба против климатските промени стануваат мерки на одговорност за заштита на животната средина.
Концептот за ЗНДО еволуирал од поимот „заедничка грижа“ во Конвенцијата за основање на Интерамериканска комисија за тропска туна од 1949 година и „заедничко наследство на човештвото“ во Конвенцијата на Обединетите нации за поморското право, 1982 .
Цели Општо земено, постојат три цели за договорен диференцијален третман; да се донесе суштинска еднаквост во рамка за правда, да се поттикне соработката меѓу државите и да се обезбедат стимулации за државите да ги спроведат своите обврски.
На Самитот на Земјата, принципот ЗНДО бил воспоставен за да се информира светот дека загадувањето ги надминува политичките граници и дека заштитата на животната средина треба да се постигне преку средства за соработка. UNFCCC 1992 година, член 3 став 1, „Страните треба да го заштитат климатскиот систем во корист на сегашните и идните генерации на човештвото, врз основа на правичност и во согласност со нивните заеднички, но диференцирани одговорности и соодветните способности. Според тоа, развиените земји треба да го преземат водството во борбата против климатските промени и негативните ефекти од нив.“
Позадина: Диференцијални третмани Принциопот не бил првиот диференцијален третман на земјите во меѓународните договори. Имало и други протоколи и договори кои користеле принцип на диференцијален третман:
Монтреалски протокол за супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка (Монтреалски протокол) Вашингтон поморски договор Дел IV од Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ) 1979 година принципот 23 од Декларацијата на Конференцијата на Обединетите нации за човековата средина 1972 година
Критика Тод Стерн, тогашниот американски специјален пратеник за климатски промени, во својот почетен говор на церемонијата на дипломирање во Дартмут во 2012 година изјавил дека светот повеќе не може да има две различни категории на земји кои имаат различна одговорност за ублажување на климатските промени. Наместо тоа, земјите треба да следат диференцијација на континум, каде што од државите се бара енергично да дејствуваат според нивните сопствени околности, способности и одговорности. Тој нагласи споделување на одговорноста за намалување на емисиите на јаглерод меѓу сите земји, наместо група земји да го преземат најголемиот дел од одговорноста за ублажување.
Стоун тврди дека значењето на зборот „диференцирано“ може да биде проблематично бидејќи секој договор го разликува. Тој, исто така, вели дека принципот не е „ниту универзален, ниту очигледен“.
Калет истакнува дека со принцопот може да биде тешко да се утврди постоењето на специфични вообичаени норми.
Раџамани изјавил дека земјите во развој би имале неправедна економска предност бидејќи нема да се соочат со истите ограничувања како развиените земји. Договорот за климатски промени би бил неефикасен без учество на земјите во развој. САД сугерираат дека земјите во развој не прават доволно за да го задоволат својот дел од „заедничката одговорност за проблемот“ со климатските промени. Меѓутоа, земјите во развој тврдат дека нивните емисии на јаглерод се суштински за нивниот опстанок, додека оние на развиените земји се „луксузни емисии“.
Наводи
Категорија:Еколошко право