Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Поздивишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Историја Црквата е гробишен храм, сместен на 1 км источно од селото. Првичната црква датира од околу 1700 г., но таа е срушена во 1815 г. и веднаш обновена. Од претходниот храм останале само глинените плочи на подот и округлите основи на дрвените столбови, кои го двоеле наосот на три кораба. Панделис Цамисис пред 1949 г. усепал да го запише ктиторскиот натпис од на поновата црква:

Црквата е грубо изградена со камења и непечени тули, и од таа причина за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) покривот и јужниот ѕид паднале заедно со фреските на нив. На почетокот на XXI век е направен импровизиран покрив за археолошки цели.

Од зачуваните фрески се издвојуваат претставата на Светата Троица во апсидата наместо вообичаената Богородица Поширока од небесата. Ова е веројатно направено под влијание на руските бакрорези кои циркулирале во тоа време.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица, Поздивишта Богородица, Поздивишта Категорија:Појавено во 1815 година