Свети Ѓорѓи () — преродбеничка црква во селото Лошница, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Црквата е сместена на сретселото и има три периода на изградба. Првиот е од околу 1650 г. Од тој храм преостануваат делови од резбаниот иконостас — десниот дел на таблатурата и други делови, резбан проскинитар, на кој стои вредната икона „Богородица Патеводителка“ и две-три мали преносливи икони. Црквата била 4 м во ширина и 5-6 м во должина.
Храмот е урнат и повторно изграден во 1761 или 1768 г. според натписот на камен-темелникот. Неколку години подоцна, во 1775 г. е украсена со фин резбан иконостас и девет убави царски икони, дело на анонимни мајстори, владички прстол и проскинитар на Свети Ѓорѓи. Овој храм бил широк и долг 6 м.
Околу 1880 г. е срушена и втората црква, и за кратко време до 1882 г. е подигнат нов величествен храм од мајстори од Жупан, а црковните предмети, иконостасот и мебелот од стариот храм се пренесени во него. На 22 јули 1936 г. црквата делумно настрадала во пожар, но преживеале иконостасот, владичкиот престол, двата проскинитара и сите преносливи икони освен една.
Додека бил на чело на Костурската епархиха од 1931 до 1936 г. митрополитот Диодор Шишански ја префрлил парохијата во Шишанската епархија. На 24 февруари 1974 г. парохијата е вратена во Костурската епархија.
Живопис и икони
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски
Ѓорѓи, Лошница Ѓорѓи, Лошница Категорија:Појавено во 1761 година Категорија:Појавено во 1882 година