Вознесение Христово () — преродбеничка црква северно од селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|220п|Црквата од исток, каде се наоѓаат ископините на Дупјачката неолитна населба. Црквата е изградена во XIX век. Претставува трикорабна базилика со петкатна камбанарија западната фасада, трем на јужната и југозападната страна и една полукужна апсида на југ. Покривот е на две води, но со косини по ширината.
Според легендата, црквата ја изградил некој Турчин. За него работел еден овчар кој пошол да му ги пасе овците во месноста Ниси. Тука на овчарот му се поајвил Свети Спас и му кажал да му пренесе на газдата дека тука треба да се изгради цркви посветена на Вознесението Христово. Кога овчарот му ог раскажал ова на Турчинот, овој се налутил и го натепал, па отишол сам да си ги пасе овците. Нему исто така му се јавил Свети Спас и го го казнил за неговото неверство, така што Турчинот останал три дена во бессознание. Кога се свестил, станал христијанин и ја изградил црквата.
Северно од црквата, меѓу неа и Костурското Езеро, во 1932 г. е откриена Дупјачката неолитна населба.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски
Вознесение Христово, Дупјак Вознесение Христово, Дупјак