Сарската офанзива (7-16 септември 1939) бил напад на француските војски на Сар, на западната граница од Третиот Рајх за време на германската инвазија на Полска. Нападот бил извршен за да ѝ помогнат на Полска со напад на западниот фронт кој бил запоставен од Германија. И покрај тоа што 30 дивизии стигнале до границата (а неколку од нив и ја поминале), нападот не бил реализиран. По брзата победа во Полска, Германија ги зајакнала своите линии со трупи кои се враќале од таму, и офанзивата била прекината. Француските сили потоа се повлекувале поради германската контраофанзива од 17 октомври.
Заднина Во 1921 година, француската армија и полската армија склучиле одбранбен сојуз против Германија и потпишале воена конвенција.
Цел на офанзивата Според конвенцијата, француската армија требало да ги започне подготовките за голема офанзива три дена по започнувањето на мобилизацијата. На 15-тиот ден од мобилизацијата (на 16 септември), француската армија требало да започне целосен напад врз Германија. Превентивната мобилизација во Франција започнала на 26 август, а на 1 септември била прогласена целосна мобилизација.
Француски операции Се очекувал голем француски напад на Западниот фронт веднаш по започнувањето на војната, но Британија и Франција биле претпазливи поради стравот од германски воздушни напади врз нивните градови; тие не знаеле дека 90 посто од германските фронтовски авиони се во Полска. Француската офанзива по долината на Рајна започнала на 7 септември, четири дена откако Франција ѝ објавила војна на Германија. Вермахтот бил ангажиран во нападот на Полска и Французите имале бројчана предност долж границата со Германија, но Французите не презеле акција. Единаесет француски дивизии успешно напредувале до 32 км од Сарбрикен, соочени со слаб германски отпор. Француската војска зазела околу 12 градови и села без отпор.
До 9 септември Французите веќе го окупирале поголемиот дел од шумата Варнт. Офанзивата била прекината откако француските сили сфатиле дека Германците ја минирале шумата. лево|мини| Француски војници во Лаутербах Французите застанале пред линијата Зигфрид, иако дошле на неколку километри јужно од неа.
Французите држеле германска територија долж целиот фронт Рајна- Мозел, но по падот на Полска, на 21 септември генералот Морис Гамелен им наредил на француските единици да се вратат на своите почетни позиции по Мажиновата линија.
За време на повлекувањето, Германците преминале во контраофанзива, а на 28 септември француските сили го одбиле контранападот во областа помеѓу Бишмисхајм и Омерсхајм.
На 17 октомври Французите целосно биле повлечени. Имало околу 2.000 француски жртви (убиени, ранети или болни).
Последици десно|мини| Луј Фори, шеф на француската воена мисија во Полска Полскиот план за одбрана, План Запад, претпоставувал дека сојузничка офанзива на Западниот фронт ќе овозможи значително растоварување на полскиот фронт на исток.
Но, ограничената и млака офанзива на Сар не предизвикала пренасочување на германските трупи. Англо-францускиот Врховен воен совет за прв пат се состанал на 12 септември во Абевил (Франција). Било одлучено веднаш да се прекинат сите офанзивни дејства.
Следниот ден, командантот на француската воена мисија во Полска, генерал Луј Фори, го информирал полскиот началник на Генералштабот, генерал Вацлав Стачиевич, дека планираната голема офанзива на западниот фронт мора да се одложи од 17 до 20 септември.
Од 16 до 17 октомври, германската армија, засилена со трупи кои се враќале од полската кампања, извршила контраофанзива и ја вратила изгубената територија која била под контрола на француските сили кои се повлекувале како што им било наредено. Germans counterattack in the Saar region Monday, 16 October 1939. Chronology of WWII Германците во своите извештаи наведуваат загуба од 196 војници, и 114 исчезнати и 356 ранети. Тие, исто така, наведуваат дека 11 од нивните авиони биле соборени до 17 октомври."Berlin expects Italy will react to New Turkish Treaty" Associated Press, 20 October 1939 Французите имале околу 2.000 жртви."La drôle de guerre 39-40" [The Phony War 39-40]. Ministére Des Armées. Retrieved 22 September 2021. На сите француски дивизии им било наредено да се повлечат во нивните касарни долж Мажиновата линија. Започнала Лажната војна.
На Нирнбершкиот процес, германскиот воен командант Алфред Јодл рекол дека „не пропадневме уште во 1939 година, само поради фактот дека за време на полската кампања, околу 110 француски и британски дивизии на Запад беа целосно неактивни против 23-те германски дивизии“. Генералот Зигфрид Вестфал изјавил дека ако Французите нападнеле со цела сила во септември 1939 година, германската армија „можеше да издржи само една или две недели“.World at War - "France Falls" - Thames TV
Поврзано
Лажна војна
Наводи
Категорија:Инвазии во Втората светска војна Категорија:Судири во 1939 година Категорија:Западен фронт (Втора светска војна) Категорија:Битки во Втората светска војна Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Инвазии на Германија Категорија:Инвазии од Франција Категорија:1939 во Франција Категорија:1939 во Германија Категорија:Битки на Франција