Белорабен лилјак (Pipistrellus kuhlii) — вид на ноќен лилјак што се јавува во големи области на Северна Африка, Јужна Европа и Западна Азија. Живее во умерени шуми, суптропски или тропски суви грмушки, грмушка вегетација од средоземен тип, умерени пасишта, рурални градини и урбани области. Белорабниот лилјак е редок посетител на Британија, со тоа што само се открива неговото присуство преку звучни снимки
Таксономија Белорабниот лилјак првпат бил именуван во 1817 година, под името Vespertilio kuhlii, во делото на Хајнрих Кул со наслов („Лилјаците на Германија“). Специфичниот епитет го избрал Јохан Натерер, кој ги собрал првите примероци, и го прославува Кул; според правилата на Меѓународниот кодекс на зоолошка номенклатура, сепак, самиот Кул се смета за авторитет, како првиот што го пријавил името.
Белорабниот лилјак во Алжир, Египет, Либија, Судан порано бил познато како Pipistrellus deserti.Benda, P. 2004. Овој таксон сега се смета за помлад синоним на Pipistrellus kuhlii.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Цицачи на Пакистан Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Лилјаци во Македонија