Успение на Пресвета Богородица — манастирска црква на Калуѓеричкиот манастир.
Архитектура Градбата на црквата има мали димензии и е со правоаголна основа, а влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Над влезната врата има врамена слика на којашто е претставена Богородица со Исус. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. На секоја страна од камбанаријата има по еден полуккружен отвор и по една отворена монофора. Градена е од цикли, што се забележува во нејзината внатрешност, а од надворешната страна е целосно обоена во бела боја.
Галерија
Поврзано Калуѓерица Калуѓерички манастир Црква „Св. Ѓорѓи“ Радовишко архијерејско намесништво Ораовичко-воиславска парохија
Надворешни врски
Категорија:Калуѓерица Категорија:Калуѓерички манастир Калуѓерица