Света Троица — () — манастирска црква во селото Песодер, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Песодерскиот манастир се наоѓа на 4 км западно од Песодер, во месноста Икона среде букова шума на планината Баба. Изграден е во 1050 г. За ова сведочи камената плоча поставена во надворешната ниша над јужната врата на храмот. Манастиротт е обновен и црквата го добила денешниот базиликален изглед некаде помеѓу 1600 и 1650 г. кој тогаш бил популарен. За тоа говори фактот што плочата е напишана цифри, а не со букви како што исто така се практикувало во тоа време. Градбата е изградена од фрагменти од византиски тули, а во насипот од северната страна се откриени камени печати.
Во манастирот во 1867 г. седум гркомани ја основале организацијата „Неја филики етерија“. Манастирот бил засолниште на грчки чети за време на грчката вооружена пропаганда во Македонија, и во 1906 г. е уништен од македонски чети. Сè до крајот на отоманската власт останал во рацете на Патријаршијата, под врховенството на Мегленската митрополија.
Во 1974 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Троица, Песодер Троица, Песодер Троица, Песодер Категорија:Споменици на културата во Преспа (општина)