Свети Димитриј () — средновековна црква на преспанскиот остров Свети Ахил, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Црквата е изградена во XIV век, но денес е во урнатини. Сместена е во западниот дел на островот. Зачувани се само дел од апсидата и јужниот ѕид од овој мал храм. Ѕидовите се направени од месен камен и малтер, подоцна уништен од суровите климатски услови кога престанал да се одржува. Црквата е насликана со вреден фрескопис. При посетета во 1990 г. Стилијанос Пелеканидис наишол на сцената „Поклонение на Агнецот“, со два херувима и два архијереја од левата и десната страна. Денес е зачуван само мал дел од сцената еден херувим и еден јерарх, изложени во Леринскиот археолошки музеј. Живописот датира од XIV век.Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр. 49

Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Свети Ахил (остров) Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Димитриј, Ахил Димитриј, Ахил Категорија:Споменици на културата во Преспа (општина) Категорија:Ахил (село)