Староегипетска митологија или староегипетска религија — различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во Древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во Древен Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.
Христијаните ја нарекувале египетската религија паганство, а овој термин се користел и од следбениците на кеметизмот, современ реконструиран облик на древната египетска религија. thumb|right|250px|Боговите Озирис, Анубис и Хор, цртеж во гробница.
Историја Старо Кралство Периодот на Старото Кралство најчесто се смета дека го опфаќал временскиот период кога Египет бил под владеењето од третата до шестата династија, од 2686 г. п.н.е. до 2134 г. п.н.е. Тоа бил почетокот на највисокото ниво на културен развиток кој го постигнале древните Египќани, чии културни корени се проширувале до шест илјади години порано, во праисторијата. Божества од Старото Кралство се:
Енеад од Хелиополис, чиј главен бог бил Атум, подоцна наречен Атум-Ра;Johnston, Religions of the Ancient World, стр. 417 Огдоад од Хермополис, каде главниот бог бил Тот; Тријадата Кнум-Сатис-Анукет од Елефантин, чиј главен бог бил Кнум; Тријадата Амон-Мут-Конс од Теба, чиј главен бог бил Амун; Тријадата Птах-Секмет-Нефертем од Мемфис, која не е вообичаена поради тоа што боговите не биле поврзани пред да се формализира тријадата, каде главен бог бил Птах.
Пирамидалните текстови (околу 25-23 век п.н.е.) содржеле магии или „искажувања“ кои главно биле наменети за да ги заштитат останките на фараонот, за оживување на неговото тело после смртта и за да му помогнат да се искачи кон небото. Како такви, се квалификуваат како светски најстари познати религиски текстови, кои за малку ги надминуваат сумериските химни за Енхедуана. Ковчежните текстови претставуваат погребни текстови кои се поврзани со пирамидалните текстови и датираат од првиот среден период.
Средното Кралство
Култот кон Амон пораснал за време на Средното Кралство. Санусрет III (1878 г. п.н.е.-1839 г. п.н.е.) изградил убав религиозен храм во Абидос, кој иако е сега уништен, од релјефите кои се зачувани се гледа високиот квалитет на декорациите. Бил воздигнат на степен на божество при крајот на Средното Кралство и бил обожуван од фараоните од Новото Кралство.
Ново Кралство Кога започнал периодот на Новото Кралство, Огдоад и Енеад биле споени во една синкретизирана космологија. Во Енеад, Озирис е мажот на Изида и брат на Сет, каде сите биле правнуци на богот-создател Атум, а во овој систем Хор не е присутен. Во Огдоад, Озирис не е присутен, а Хор е син на Атум, богот-создател. Кога Енеад и Огбоад се споиле, Ра и Амон се идентификуваат како едно битие, создавајќи го Амон-Ра, а во почетокот Хор е сметан за петтиот брат на Озирис, Изида, Нефтис и Сет. Сепак, мајката на Хор, Хатор, постепено се поистоветувала со формата на Изида, што довело Хор да се смета за син на Изида, со тоа и син на Озирис.
Атенизам thumb|right|Фараонот Ахенатен и неговото семејство се молат на Атен За време на владеењето на Ахенатен (Аменхотем IV) (1350-ти до 1330-ти години п.н.е.) се појавил мал интервал на монотеизам, кој се задржувал на египетското божество на сонцето Атен. Атен типично се прикажува како сончев диск од кој на сите страни излегуваат сончеви зраци. Ахенатен изградил нов главен град во Амарна со храмови посветени на Атен. Тоа претставувало симболичен чин со кој Ахенатен сакал да создаде ново место каде ќе се слави Атен. Промената на религијата постоела до смртта на Ахенатен, со што старата религија брзо била повратена за време на владеењето на Тутанкамон и бил направен обид да се избрише името на Акенатен од историјата поради неговите еретички дејства.
Доцен период После падот на династијата Амарна, пантеонот од новото кралство преживеал како доминантна религија до освојувањата на Ахаменидите. Во тој период била стандардизирана Египетска книга на мртвите. Од записите на грчкиот историчар Херодот добиваме бледа слика за владеењето на Камбиз, каде кралот се опишува како луд, безбожен и суров.known from a Demotic Egyptian text on the back of papyrus no. 215 in the Bibliotheàque Nationale, Paris Херодот веројатно се потпирал врз локалната традиција која ја одразува огорченоста на Египќаните, особено на свештенството за декретот на Камбиз каде се спречуваат кралските давачки кон египетските храмови за време на владеењето на Амасис. За да се задржи поддршката на моќната свештеничка класа, Дариј I (522-486 година п.н.е.) го отповикал декретот на Камбиз. Пред 486 г. п.н.е. во Египет избувнува бунт кој е задушен од Ксеркс I во 484 година п.н.е. Поради бунтот провинцијата била подложена на сурова казна.
Опаѓање Кога Александар Македонски го освоил Египет, заминал на поклонение кон пророчиштето на Амон во оазата Сива. Пророчиштето го прогласило Александар за син на Амон-Ра.Peters, F.E. "The Harvest of Hellenism", стр. 42
Египетската религија продолжила да напредува и за време на Птоломејскиот период, кога некои култови биле синкретизирани со грчките традиции, паѓајќи под влијание на хеленистичката магија. За време на римското владеење (од 30 година п.н.е.) ситуацијата во голема мера останала неизменета. Римјаните за разлика од Птоломејците ги почитувале и ги заштитувале египетските религиски обичаи, иако постепено бил воведуван империскиот култ од римската држава и императорот. Египетската религија навлегла во период на опаѓање по прифаќањето на христијанството во првиот век од нашата ера. Остатоците од локалните традиции останале да постојат во традиционални делови како хиерархиите во храмовите, кои не биле гонети, но постепено биле потиснати од раното христијанство. Последните ликови од египетската религија опстојале до 5 век, како што е опишано во хиероглификата.
Оживување Со појавувањето на неопаганството во XX век, создаден е облик на реконструирана древноегиптска религија наречена кеметизам.
Главен концепт thumb|right|250px|Египетска божица мајка Изида, слика на гроб, околу 1360 година п.н.е. thumb|right|250px|Стела на која се прикажани двете тријади на богови. Теологија
Египетската религија главно е политеистичка, и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како „нетер“ (бог) и „нетерет“ (божица). Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата. На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето. Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет. Божестватa од египетскиот пантеон понекогаш имале конфликтна улога. Како на пример, лавицата Секмет која била пратена од Ра да ги уништи луѓето кои се побуниле против него, а подоцна станала бестрашен заштитник на кралството, на животот во целина и на болните. Уште посложена е улогата на Сет. Разгледувајќи ја митологијата за Сет од модерна перспектива, особено за митологијата околу односот на Сет со Озирис, лесно може да се утврди Сет како главниот злосторник и изворот на злото. Сепак, не било секогаш така, бидејќи Сет претходно имал улога на уништувач на Апоп, во служба на Ра, а со тоа и во служба за одржувањето на Маат (вистина, правда и хармонија).
Не постои едно главно божество за цел Египет.
Најзначајните богови се: Атум (Тем, Тему, Тум, Атем), бог на создавањето Ра, бог на сонцето Хор (или Херу, Хор, Херу, Хер), сокол, бог на воскреснувањето Хатор (Хеб), божица на сонцето Озирис (Асар), господар на подземјето, сопруг и брат на Изида Изида (Асет или Есет), божица на мајчинството и плодноста Геб, бог на плодноста и земјата Анубис (Анпу), бог на балсамирањето Тот (Техути), бог на месечината, пишувањето и знаењето Сет, бог на хаосот, силата, војната, бурите, и пустините.
Други божества: Нефтида, божица на подземното царство Нут, божица на небото Тефнут, божица на водата и плодноста Шу, бог на воздухот Апоп (Апеп) - кобра, зол демон, темница и хаос Маат (Ма’ат или Мает) - ги штити вистината, правдата и хармонијата, понекогаш претставена и како божица
Фараоните Фараонот или кралот на Египет, бил согледуван и како божество и имал улога на посредник помеѓу египетскиот народ и боговите. Неговото значење било толку големо, што египетскиот збор за „крал” се однесувал само за фараонот, додека кој било владетел од друга земја едноставно се нарекувал „големиот поглавар.”Fleming, Fergus; Alan Lothian (1997). The Way to Eternity: Egyptian Myth. Amsterdam: Duncan Baird Publishers. стр. 75. ISBN 0-7054-3503-2. Фараоните во древен Египет се сфаќани како божество и така се третирани. Едно општо верување било дека фараоните се инкарнација на богот Хор додека се живиF. Fleming & A. Lothian, 12, 59, а на богот Озирис по смртта.
Атенизам Во 14 век п.н.е. во египетската религија постоел период кога фараонот Акенатен го поставил обожувањето на сончевиот диск Атен над сите други божества. Постепено целосно го забранил обожувањето на другите богови, со што ја сменил официјалната египетска религија во вистински монотеизам.Fleming and Lothian, стр. 43-44. Сепак, промените кои ги спровел Акенатен биле во спротивност со синкретичната традиција на претходните египетски верувања што ги отуѓувало обичните Египќани.Wilkinson, Richard H. (2000). The Complete Temples of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p. 38-39 ISBN 0-500-05100-3. Така, под водството на наследникот на Акенатен, Египет повторно се вратил кон традиционалната религија.
Космогонија thumb|300px|Египетско сфаќање на вселената. Голем дел од египетската митологија е изгубен, но од она што денес го знаеме е содржано во нивната космогонија.
Египетските верувања се развивале во продолжение на околу три илјадалетија и се менувале со текот на времето. Египетската митологија се разликува од грчката или римската поради фактот што повеќе божества во Египет имале човечко тело и животинска глава или обратно.
За нив, најважно било да ги изучуваат следните циклуси: циклус на деновите и сонцето кое се преродува секое утро; годишниот циклус со приливот на реката Нил; циклус на животот со раѓање, проследено со смртта.
Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун. Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил. Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност). Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата). Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле. Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде. Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе.
Геб и Нут биле заедно, но кога Шу слушнал за блудот на неговите деца, ги раздвоил, така што застанал меѓу нив (воздухот се наоѓа меѓу небото и земјата). Тој исто така решил бремената Нут да не може да се породи во ниеден ден од годината. Нут се пожалила кај Тот, кој заради неа се коцкал со богот на месечината Кнос (Кносу) и добил пет дополнителни денови кои ги додал на оние постоечки 360 од годината. Нут родила по едно дете во секој од овие пет дополнителни дена: Озирис, Изида, Сет, Нефтида и Хор.
Братот на Озирис, Сет кој го претставувал хаосот во универзумот, го убил Озирис со тоа што го измамил да влезе во кутија, која потоа е закована и фрлена во Нил. Откако го убил Озирис, Сет го исекол неговото тело на парчиња. Изида ги пронашла повеќето од парчињата и ги погребала под храмот, но претходно го воскреснала Озирис и со него го создала нивното дете Хор. Сет себеси се прогласил за крал, но бил предизвикан од синот на Озирис - Хор. Сет изгубил и бил испратен во пустината. Изида го мумифицирала Озирис, и така тој станал бог на смртта, а Хор станал крал и од него потекнуваат фараоните.