Свети Јован Претеча () — манастирска црква кај селото Р’мби, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква.
Црквата се наоѓа на 2 км западно од селото, на ридот Горица во правец на Преспанското Езеро. На местото имало урнатини од стар манастир и помала црква. На почетокот од XX век селаните од Р’мби го возобновиле храмот и истиот е осветен во 1910 г. од егзархискиот митрополит Борис Преспански и Охридски во присуство на многубројни поклоници од цела Преспа.
Црковниот собор е на празникот Отсечение.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Јован Претеча, Рмби Јован Претеча, Рмби Јован Претеча, Рмби Категорија:Појавено во 1910 година