Мавровско Езеро (, Лимни Мавруда) — езеро во Лагадинско, Егејска Македонија.

Езерото е сместено во јужното подножје на Богданска Планина. Наречено е по селото Маврово, Општина Бешик, кое лежи на неговиот северен брег, а во 1927 г. е преименувано во Мавруда.

Мавровското и соседното Ланџанско Езеро сe соленикави. Двете езера се пресушени од властите во 1960 г. за да се ослободи обработлива површина и поради големото присуство на маларија на ова подрачје. Во 1993 г. околните жители покренале иницијатива за возобнова на Мавровското Езеро, и во 1999 г. државата отпочнала проект во вредност од 200 милиони драхми (околу 700.000 долари). Повратени се , околу 25 % од неговата првобитна површина од Зафатот е направен со мешовит грчко-американски проект, наречен „Мавровско Езеро“, по идејно решение на професорите Георгиос Залидис и Томас Крисман.

Поврзано Ланџанско Езеро Богданска Планина Лагадинско Поле

Наводи

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Бешик