Муасанит е редок минерал од класата на природни карбиди со состав SiC (силициум карбид). Формира мали безбојни кристали со дијамантски сјај. Синтетичката варијанта и техничкиот производ се слични по структура и состав — карборунд.
Природниот муасанит може да се најде само во занемарливо мали количини во некои типови метеори и во наоѓалиштата на корунд и во кимберлитите; природните монокристали не надминуваат димензии од неколку милиметри. Природниот муасанит за прв пат бил откриен во 1893 година во Аризона од страна на Фердинанд Анри Муасан, во чија чест и бил наречен минералот во 1905 година.
Во последните децении се појавила технологија на создавање на големи проѕирни синтетички монокристали на муасанит кои често се користат за имитација на брилијанти.
Наводи
Категорија:Минерали Категорија:Шестаголни минерали Категорија:Самородни елементи Категорија:Скапоцени камења