Карадаг или Кара Даг (од турското Kara Dağ, Црна Планина; , Мавровуни; старо Καρά Νταγ) — ниска планина во Егејска Македонија.Кънчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Пътни бележки, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр. 35. Највисок врв е Коџа Бали (1.177 м).
Опис Планината се наоѓа на границата која го дели Кукушко на запад и Серско на исток, меѓу Бутковското и Дојранското Езеро. Од планината Круша на северозапад е одвоена со седлото Дијасело (560 м). Голем број стари карти и други извори ја сметаат планината за дел од Круша, веројатно бидејќи има врв Карадаг на Круша и врв Круша на Карадаг. На југ планината е одделена од Манастир Тепе со превој на 660 м јужно од с. Папрат.
Карпите на планината се гнајсови, а има и малку амфиболити.
Бутковското Езеро во северното подножје планината е влажно подрачје од меѓународно значење, заведено со Рамсарската конвенција во 1974 г., а езерото со неговата околина во 2003 г. е прогласено за национален парк. Истото е вклучено и во мрежата Натура 2000 (бр. 1260001 и 1260008) и прогласено за место од орнитолошка важност (020).
До врвот Коџа Бали се стасува од селото Папрат (620 м) за околу 3 часа.
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Коџа Бали Κοτζά Μπαλή, Κοτζαμπαλή 1.177 Круша Κρούσα 1.161 Φλαμούρι 1.042 Αλάνια 700 - 640 Απιδιές 720 - 600 Каратепе Αράπης, Καρά Λόφος 750 Ќулахли Βλάχος, Κιουλαχλή 599 Гајдара Γαϊδάρα 760 - 600 Хамзали Δίστρατο, Χαμζαλή 788 Голина Κολώνα 542 Љулка Κούνια, Λιούλκα 782 Коптор Κοφτερό, Κοπτώρ, Κόπτωρ 664 Камица Λόφος, Καμίτσα Τεπέ, Καμίτσα Λόφος 849 Орта Каран Μαύρη Ζώνη, Ορτά Καράν 899 - 835 Манастир Μοναστήρι 656 Στρογγυλό, Σταυρωτός Λόφος 660 Στρούγγα 920 Пејково Τραγουδίστρα, Πεϊκοβο 653 Χαλάσματα, Χαραπάδες 943
Поврзано Круша (планина)
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Кукуш Категорија:Синтика Категорија:Долна Џумаја Категорија:Рамсарски места во Грција