Белица, Крушевска Река (месно: Крушовска Река) или Валовишка Белица () — река во Серско, Егејска Македонија.

Реката започнува седлото Бели со слевањето на три потока: Матна Река, Орта К’шла и Рамњанска Река. Најдолгиот од нив извира на планината Шарлија (Бродска Пл.), источно од главниот врв Али Баба. Тече на север и јужно од Крчово свртува на западПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ и тече низ живописна долина. Минува јужно од Крушево, каде ја прима десната притока Дула и се насочува кон југозапад. Проаѓа покрај градот Валовишта, од каде штодолжува како регулиран канал и пред Спатово свртува на југ. Поминува источно од Баракли, тече на југоисток и на крајот се влева во Струма југоисточно од Бејлик Маала.

Притоки → лева, ← десна ← Хасаница ← Дула ← Спановица ← Стаговица ← Карабидае → Куслу ← Сандур ← Омерли → Баба → Саранда Петрес ← Платанија → Карадере (Мамуна) ← Лангада ← Балугана ← Мојан → Линска → Ќучук Али

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Сер (општина) Категорија:Довишта Категорија:Притоки на Струма Категорија:Шарлија