Амфиполски мост () — камен мост на Долна Струма од античко и средновековно време во древномакедонскиот град Амфипол кај денешен Ениќој во Зихненско, Егејска Македонија.

Го поврзувал Амфипол, а потоа малата византиска населба Мармари, со долината на Струма.

Мостот бил клучна сообраќајница во стариот век и претставува значаен пример за достигнувањата на античкото инженерство. Изграде е во V век п.н.е. и имал должина од 275 м. Првите податоци за него ги дознаваме од историчарот Тукидид, кој го опишува мостот раскажувајќи за важна улога која ја одиграл во опсадувањето и заземањето на Амфипол од страна на спартанскиот војсководец Бразид во текот на Амфиполската битка од 424 – 422 г. п.н.е..

Откриен е случајно во септември 1977 г. Ископувањата се вршени под водство на археологот Димитрис Лазаридис. Неговата екипа открила околу 1.250 носачи и диреци кои му припаѓале на утврдувањето и инфраструктурата на мостот. На површината извадиле околу 220 колци.

Остатоци од носачи со метални опкови од мостот се изложени во Ениќојскиот археолошки музеј.

Поврзано Амфипол Струма

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Ениќој (општина) Категорија:Пелопонеска војна